ПРОЕКТ

игитална инклузија

Трансформација и интернационализација на училиштата преку технологија

Во денешно време, се чини дека сè напредува и брзо се менува: технологиите, пазарот на трудот, начинот на кој комуницираме со другите… Сепак, се чини дека училиштата напредуваат со многу побавно темпо и тие не ги користат сите нови технологии кои се на располагање за да ги направат своите училишта поинклузивни. Иако многу училишта се обидуваат да усвојат нови практики, не е вообичаено истите да ги разменуваат искуствата помеѓу училиштата на национално ниво, уште помалку на меѓународно, што би го направило процесот многу полесен за сите.

Ако сакате да ги подобрите инклузивните практики во вашето училиште и, во исто време, да воведете и вметнете нови технологии на вашите часови, проектот „Еразмус + дигитална инклузија“ ќе ви покаже сè што учеле партнерите едни од други. Проектот не само што ќе ги зајакне професионалните компетенции на наставниците кои учествуваат во размената на практики, туку исто така ќе го промовира концептот ИНКЛУЗИВНО УЧИЛИШТЕ и ќе им помогне на наставниците да дознаат за МЕТОДИ НА ИНОВАТИВНА НАСТАВА за зголемување на мотивацијата, намалување на нивото на агресивност на нивните ученици и нивна едукација со ПОЧИТ КОН МОРАЛНИТЕ ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ, во главно со нови технологии.

Разгледајте ја страната и дознајте што научиле партнерите преку нивната размена на добри практики помеѓу наставници на ученици на возраст од 9-13 години

ВРЕМЕНСКА РАМКА

декември 2020
он-лајн
Прв состанок (он-лајн)
октомври 2021
Реус, Шпанија
Втор транснационален состанок
април 2022
Торино, Италија
Трет транснационален состанок
октомври 2022
Велес, Република Северна Македонија
Четврт транснационален состанок