НАШИТЕ ПАРТНЕРИ

Сакате ли да го запознаете целиот тим? Овие се партнерите во Дигитална инклузија

ЗИНИ - Фондација за иновации и едукација

„Зини“ е невладина организација во Латвија. Организацијата има за цел да го промовира развојот на иновации и едукација преку обезбедување на еднакви можности за цело општество преку нивно вклучување во проекти и активности. Сите активности на Зини фондацијата се наменети за општеството, со цел истото да стане поактивно, едуцирано и инклузивно. Главните активности се следните:

1) обуки и советувања во различни области како култура и туризам, пристапност до животната средина, инклузија на лица со попречености, здрав начин на живот и здрава храна, спорт и технологии.

2) учество во социјални активности, работни групи, процеси за донесување на одлуки

3) истражување

4) пишување на проекти и вклученост во проекти кои имаат за цел да го подобрат животот во општеството

info@zinifoundation.eu

Прво приватно училиште „Леонардо да Винчи“

Леонардо да Винчи е приватно училиште кои нуди обуки за странски јазици од рана возраст и широка програма за наука. Започна со работа во 2004 година како Детска академија. Ова приватно училиште има развиено концепт на образовен процес за ученици од предучилишна возраст до деветто одделение.

Ние обрнуваме сериозно внимание на индивидуалниот пристап во подучувањето, затоа групите се со најмногу 10 ученици во секој клас. Имаме големо искуство во примената на меѓудисциплинарни активности како бајки, игри, драма, танц, спортови, креативни, артистични и активности за животната средина. Неодамна исто така го воведовме и СТЕМ во образовниот процес со акцент на уметноста и активности за читање / пишување / изработка. Училиштето ги воведува учениците во првите чекори на претприемништвото преку наставници и обучувачи кои доаѓаат од Универзитетот од Русе. Во делот со практични разботилници и обуки многу родители на учениците се вклучени во активностите, заради нивните професионални вештини во своите области. Посебно внимание даваме и на општественото прептприемништво и неговите придобивки во поголем размер.

Со години наназад училиштето организира Дневни програми за Летната академија за време на летните одмори, каде ученици на возраст од 6 – 10 години имаат можност да ги применат нивните вештини, таленти и знаење од областа на математиката, науката, бугарски, англиски и други јазици, додека работат на различни теми (миленичиња, здрава исхрана, Дунав, земја, пријатели, итн.)

 

Здружение за едукативни услуги OpenEurope

Здружението за едукативни услуги ,,OpenEurope” е непрофитна организација со седиште во Реус (Каталонија, Шпанија) која има за цел да им помага на младите и лицата кои работат во сектори поврзани со работа со млади да учествуваат во европски програми. Сите наши проекти и иницијативи се насочени кон вклучување на едукатори, учители, професори, ученици, како и на целата заедница, во спроведувањето на проекти и програми за кои е потребен процес на доживотно учење. Нашите програми се дизајнирани да ги развиваат комуникациските, лидерските и професионалните способности на учесниците.

Посебно внимание обрнуваме на подобрувањето на капацитетите на невладините организации, како и на волонтерите кои работат на решавање на општествени проблеми. Помагаме сите членови на заедницата да бидат вклучени во нашите проекти и активности, особено оние кои се однесуваат на граѓанските должности, имиграцијата, технологијата во служба на граѓаните или паметните градови.

,,OpenEurope” е првиот и единствениот акредитиран пункт за информации на европската мрежа ЕУРОДЕСК во регионот Тарагона. Тоа е информативен сервис за европски програми и иницијативи во областа на образованието, обуката, струката и младите. Како официјален пунк, имаме слободен пристап до информациите од мрежата и можеме да ги споделуваме со младите и сите заинтересирани. Помеѓу останатото, нудиме советувања и консултации за меѓународни младински размени во многу европски земји; бараме контакти или можни партнери за реализирање на европски проекти и пружаме практични и корисни совети за патувања во европските земји кои се дел од нашата мрежа.

info@openeurope.es

Училиште Teresa Miquel i Pàmies

Нашето училиште е основно и за предучилишна возраст. Во него учат 453 ученици, 150 во предучилишни групи (од 3 до 5 години) и 303 во основно образование (6 до 12). 37,97% од нив доаѓаат од други држави: Мароко, Јужна Америка, Азија и од различни Европски држави. 8% од учениците имаат посебни потреби или се со попреченост, со потешкотии во учењето, аутистични, хиперактивни, намалено движење и недостаток на внимание.

Нашите главни цели се да ги подобриме академските резултати, да постигнеме добра социјална кохезија и да ја промовираме и вреднуваме културата. За нас многу е важна соработката и тимската работа. Ние сакаме нашите ученици да постигнуваат добри академски резултати. Ние користиме различни метологии поради различноста на нашите ученици. Друг наш приоритет е да обезбедиме соодветна грижа за нашите ученици со посебни образовни потреби.

Нашите проекти се уметнички и музички (различни работилници со ученици од различни возрасти за поттикнување на инклузија и соработка), за странски јазици – англиски (активности на англиски по други предмети и учество на различни натпревари), научни проекти (ученици прават експерименти и презентации, соработуваат и работат во тимови во градина, имаат часови по практична математика, различни активности во катчиња со ученици од предучилишна возраст: уметност, наука, музика …). Исто така, споделуваме различни активности со други центри од нашиот град.

e3006541@xtec.cat

13то Основно училиште од Трикала

13-то основно училиште на Трикала се наоѓа во Ризарио, предградие на Трикала, на 2 километри од центарот на градот. Основано е во 1882 година. До 1995 година работеше во област во центарот на населбата, но поради зголемувањето на популацијата и зголемените потреби беше изградена нова и модерна зграда. Од 1996 година на ова место се наоѓа нашето училиште.

Старата зграда работи како центар на заедницата. Училишните простории се модерни, вклучително шест училници, театарска сала, компјутерска лабораторија, интерактивни табли во секоја училница, простран училишен двор и спортски терен. Внатре во зградата има библиотека каде што учениците и вработените имаат пристап до различни ресурси. Таа содржи книги од 1917 година. Некои од нив се многу ретки.

Исто така, има евиденција за педагошките и другите упатства и начинот на кој работи училиштето од 1956 година, бидејќи за претходните години тие биле уништени. Секој што е заинтересиран за овие записи, ќе ги најде политиките на државата, педагошкиот и наставниот пристап и начинот на кој работи едно училиште во последните 50 години од 20 век и почетокот на 21-иот во Грција. Бројот на ученици во нашето училиште е мал. Денес, околу 70 ученици го посетуваат нашето училиште.

Во претходните години имаше повеќе ученици. Бројот на наставници се движи од 10 до 15. Предметите што се изучуваат, освен општите како грчки, математика, историја, религиозно образование, наука, географија и слично, се збогатени со англиски, француски или германски, ИКТ, театарско образование, уметност и физичка култура.

Во последната деценија, нашето училиште ги рашири крилјата и лета далеку од Грција со учество во многу европски програми Еразмус +, КА1 и КА2. Искуствата за наставниците и учениците се исклучителни. Многу ученици кои го посетувале нашето училиште во минатото и сега се универзитетски студенти учествуваат во програмите за размена на студенти Еразмус на нивните универзитети. Идните перспективи на училиштето, благодарение на инспирацијата на нашите наставници, е европска насока во комбинација со националниот идентитет на училиштето.

Нашето училиште учествува во училишната мрежа на УНЕСКО АСПнет од 2016 година. Оваа мрежа се состои од илјадници училишта на нашата планета. Вклучено е во многу активности. Во една од нив бевме почестени да ја освоиме првата светска награда за сликарство каде што темата беше „ги отвораме нашите срца и умови пред бегалците“. Работата на нашите ученици беше избрана меѓу илјадници други во седиштето на УНЕСКО во Париз. Во Грција, сликата на нашите ученици е прикажана на поштенска марка. 

ИНСТИТУТ ДЕИ СОРДИ ОД ТОРИНО

Основан во 1814 година, Торинскиот институт за глуви работи од своето основање со глуви лица, лица со мултипликативна попреченост и слепи лица на возраст од градинка до зрелост. Институтот е вклучен во обуки на наставници кои образуваат ученици со сензорна попреченост. Институтот за глуви во Торино е институција која обезбедува широк спектар на услуги и активности, за глуви, за лица со оштетен слух и други јазични и когнитивни нарушувања на децата и возрасните, како што се:

  • Образование за возрасни за глуви и наглуви лица
  • стручно оспособување и стручно насочување за млади глуви, слепи, аутистични и други возрасни студенти со попреченост
  • Говорни терапии и програми за SLI, програми за рана интервенција
  • Признат национален обучувач за наставници
  • Домување во домови за глуви возрасни лица изложени на ризик од повеќе дискриминации
  • Градинка за глуви и наглуви деца
  • Услуги за наставници и наставници со посебни потреби во редовните училишта кои ги поддржуваат учениците во соработка со локалните социјални служби и училишните власти
  • Специјализирана библиотека и центар за документација за наставници и родители
  • Специјални проекти за вклучување на глуви лица во општеството во поглед на универзална пристапност, со фокус на музеи и културни институции
  • Проекти со универзитетите во областа на истражување, јазична рехабилитација и социјални услуги; Европски и меѓународни проекти
  • Специјализирано менторство и туторство за студенти со попреченост запишани во 3-те јавни универзитети во регионот
  • Часови по јазик: италијански, англиски, знаковни јазици
  • Сензорна градина
  • Европски солидарен корпус
  • Советување на јавни служби за вработување.

Институтот е лоциран во северозападна Италија и работи на регионално и национално ниво за давање на услуги, и на меѓународно ниво со проекти. Инситутот има околу 160 вработени.

direzione@istitutosorditorino.org

СОУ Гимназија Кочо Рацин

СОУ Гимназија Кочо Рацин е средно училиште кое нуди општо образование на ученици на возраст меѓу 14 и 18 години. Има повеќе од 500 ученици. Бидејќи ова училиште е гимназија, предметите што се изучуваат во првите две години од образованието се општи и задолжителни, а во последните две години тие избираат една од образовните области во зависност од нивните афинитети и идното образование. Имено, постои математичко подрачје, општествено хуманистичко и јазично уметничко. Националната наставна програма за гимназиско образование им нуди на учениците изборни предмети што ќе го подобрат нивното знаење во добро познати области, како и подготовка за нивно понатамошно образование. Постојат повеќе од 50 високо квалификувани наставници по различни предмети кои се трудат да ги едуцираат и мотивираат учениците да стекнат квалитетно знаење и да ги прошират своите вештини и компетенции. Повеќето од нив се мотивирани да учествуваат во национални и меѓународни проекти и се подготвени да ги прошират своите области на експертиза.

Како училиште сме земале учество во неколку Еразмус 201 и 229 проекти на различни теми. Учеството во ваквите проекти ги зајакнува вештините на наставникот кој се справува со комплексни ситуации во училницата, и прифаќа нови методи и алатки. Проектите го промовираат интердисциплинарниот пристап заснован на реални проблеми и иновативни пристапи, за да учениците бидат креативни, мотивирани и да научат како да ја користат науката, математиката и технологијата во ситуации од реалниот живот, за да бидат подготвени да се соочат со предизвиците во овој брзо растечки свет. Исто така, учеството во проекти го промовира подигнувањето на свеста за културното наследство и вредностите на ЕУ, струтурата, визијата и нејзините стратегии за иднината

gimkocoracin@gmail.com